УТРО.мк

Утре дел од Тетово и селата Пршовце и Јажинце ќе останат без струја

Утре дел од Тетово и селата Пршовце и Јажинце ќе останат без струја
Vero

Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре, вторник 28 април 2026 година, повеќе локации во Тетово и две тетовски села ќе бидат без напојување со електрична енергија.

Прекините ќе започнат во утринските часови и ќе траат до раниот попладневен период.

Распоред на планираните исклучувања:

ТЕТОВО

  • 09:00 – 14:00 часот: Дел од улица 146.
  • 09:00 – 14:15 часот: Објекти во близина на Веро, спроти Стара печатница.
  • 09:00 – 14:15 часот: Објекти на: Веро, Стар Македонија Табак, Спортска сала, Автобуска станица, Лидл, Палма мол.
  • 09:00 – 14:15 часот: Дел од град Тетово, објекти кои се наоѓаат околу Стара кланица.

ПРШОВЦЕ

  • 09:00 – 14:30 часот: Дел од с. Пршовце, објекти кои се наоѓаат на влез од селото.

ЈАЖИНЦЕ

  • 09:30 – 14:00 часот: Дел од с. Јажинце, објекти во близина на џамијата.

Од ЕВН Македонија апелираат граѓаните и правните субјекти од наведените локации навремено да ја прилагодат својата работа на најавениот прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран