УТРО.мк

Халкбанка со важно предупредува

Халкбанка со важно предупредува
Vero

Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека на 27 април 2026 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажна онлајн анкета, која се дистрибуира во име на банката.

Станува збор за злонамерна кампања во која од корисниците се бара да внесат податоци за своите платежни картички и лични информации, со цел нивна злоупотреба. Анкетата не е поврзана со Халкбанк и претставува обид за измама.

Банката апелира до јавноста да не кликнува на вакви содржини, да не внесува лични или финансиски податоци и да биде особено внимателна при вакви пораки и линкови.

Халкбанк АД Скопје истакнува дека никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку анкети или неофицијални канали. Сите комуникации од страна на банката се одвиваат исклучиво преку официјални и безбедни канали.

Доколку клиентите веќе ги имаат внесено своите податоци, потребно е веднаш да се обратат во Контакт центарот на банката на телефон 02 3296 330, кој е достапен 24/7 или преку [email protected], со цел навремено преземање на соодветни мерки.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран