
Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 2 денари, а цената на Еуродизелот БС (Д-Е V), се намалува за 2,50 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 82,50 денари за литар, на БС-98, 84,50 денари за литар, а на дизелот 91,50 денари за литар.
Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 денари и ќе изнесува 46,656 денари за килограм.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар и тоа ќе се продава за 96 денари за литар.























