УТРО.мк

Фудбалски судија од УЕФА уапсен во Британија: Отворена истрага за сериозни обвинувања

Фудбалски судија од УЕФА уапсен во Британија: Отворена истрага за сериозни обвинувања
Vero

Сериозен инцидент кој, според британскиот таблоид „The Sun“, се поврзува со фудбалски службеник под капата на УЕФА, предизвика бурни реакции во европската фудбалска јавност. Судија, чиј идентитет засега не се открива, наводно бил приведен во Англија под сомнение за сексуален напад врз малолетно лице.

Како што пренесува британскиот медиум, настанот се случил за време на негов престој во Обединетото Кралство, поврзан со фудбалски натпревар. Обвинувањата велат дека постојат индиции за недолично однесување кон малолетник, вклучително и физички контакт без согласност, како и обид лицето да биде намамено во хотелска соба пред натпреварот.

По пријавата до надлежните органи, полицијата реагирала брзо и била отворена истрага. Судијата бил приведен по враќањето од ангажманот, во присуство на претставници поврзани со УЕФА, по што бил сослушан и подоцна пуштен да се брани од слобода со кауција.

Иако истрагата сè уште е во тек и нема официјално поднесени обвиненија, случајот веќе има сериозни последици по неговата професионална иднина. Според информациите, неговата кандидатура за судење натпревари на претстојното Светско првенство е ставена во мирување.

Став за ситуацијата изнесе и Европската фудбалска унија, од каде порачаа дека внимателно го следат развојот на настаните и дека засега засегнатиот судија нема да биде делегиран за натпревари под нивна надлежност, сè додека трае истрагата.

Случајот останува отворен, а понатамошниот развој ќе зависи од резултатите на истражните органи и евентуалните правни постапки што би можеле да следат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран