
ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, ги известува граѓаните за подигање на габаритен отпад од пред домовите), пријавување можат да извршат до вторник во неделата на тел. број: 048/ 428 992. Во среда ќе се прави план на релации за подигање. Габаритниот отпад од домаќинствата ќе се подига секој четврток и петок во неделата.
Пред да се подигне отпадот од домовите, граѓаните ќе бидат повторно телефонски искомуницирани на нивниот моб. број.
Оваа бесплатна услуга е помош за граѓаните да се ослободат од помали количини на некорисен мебел. Бесплатната услуга не се однесува на граѓани кои комплетно реновираат/обновуваат цели станови и куќи.
Да ја чуваме чиста животната средина, зашто секој отпад има свое место.























