УТРО.мк

Товарно возило удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово, возачот пробал да избега

Товарно возило удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово, возачот пробал да избега
Vero

Во близина на кривопаланечкото село Жидилово, на магистралниот пат што ги поврзува Крива Паланка и Куманово, вчера околу 18 часот се случила сообраќајна незгода во која товарно возило усмртило крава што се движела по коловозот.

Од полицијата информираат дека камион од марката „мерцедес“, управуван од 59-годишен државјанин на Бугарија со иницијали Е.М.С., налетал на животното кое излегло на патот. Како последица на ударот, кравата угинала на самото место.

Возачот продолжил со движење, и го напуштил местото на незгодата по инцидентот, но по преземени активности од страна на полицијата бил лоциран и идентификуван. Надлежните најавија дека против него ќе следува соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран