
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари координативна средба со претставници на компанијата „Бехтел и Енка“, Јавното претпријатие за државни патишта и Градежниот институт на Македонија.
Целта на средбата беше зајакнување на координацијата за сообраќајните решенија во рамки на изградбата на автопатот Прилеп–Битола, кој е дел од Коридорот 10д. Градоначалникот истакна дека е важна поврзаноста на локалната сообраќајна мрежа со новото автопатско решение, со јасна регулација на сообраќајот и функционална распределба на движењето во и околу градот.

„Нашата цел е урбанистичко-инфраструктурно заедничко решение што ќе обезбеди поквалитетен развој на Прилеп, поголема безбедност и подобра поврзаност на граѓаните и стопанството преку автопатските и магистралните патишта што се градат во регионот“, изјави Проданоски.























