Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен останува променлива и во моментов не е воспоставена целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
„Пожарот во ловиштето Јасен на едно место ни избегна од контрола иако цело утро истуравме тони и тони вода“, изјави Ангелов, посочувајќи дека повторно е забележано силно разгорување на пламенот преку патот каде што огнот преминал.
Според него, дополнителна тешкотија создава силниот ветер кој постојано дува и ја отежнува работата на противпожарните екипи.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно денес изјави дека, според сведочењата на очевидците, пожарот најверојатно бил разгорен по удар од гром.