УТРО.мк

Тешко повреден параглајдерист во Крушево, итно пренесен со хеликоптер за Скопје

Тешко повреден параглајдерист во Крушево, итно пренесен со хеликоптер за Скопје
Vero

Денеска кај Мечкин Камен во Крушево се случија два одделни инцидента со параглајдеристи.

Во првиот случај, параглајдерист при самостоен лет и обид за приземјување се закачил на дрво високо околу пет метри и не можел безбедно да слета. Веднаш е извршена координација со Дирекцијата за заштита и спасување за испраќање специјализиран тим за спасување на терен.

Во вториот инцидент, друг параглајдерист паднал и се здобил со тешки телесни повреди, со обилно крварење и губење на свеста. Лекарската екипа на лице место ја потврдила сериозноста на повредите, поради што бил побаран итен медицински транспорт до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Центарот за управување со кризи, во координација со МВР, го преусмерил хеликоптерот „Бел 412“, кој бил ангажиран на гаснење пожар во подрачјето Јасен, кон Мечкин Камен за итна интервенција. Се преземаат сите неопходни мерки за брза и безбедна евакуација на повредениот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран