УТРО.мк

Илиевски: Никогаш не сум делел луѓе по етничка основа – сите ме познаваат мене и моето семејство

Илиевски: Никогаш не сум делел луѓе по етничка основа – сите ме познаваат мене и моето семејство
Vero

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, Јовица Илиевски, реагираше на обвинувањата упатени кон него, нагласувајќи дека никогаш не делел луѓе според нивната етничка припадност и дека обидите да се прикаже како националист се „смешни и без основа“.

„Имам повеќе пријатели Македонци и Албанци од Хаќим и Енвер заедно, а тоа се потврди на изборите во 2021 и сега во 2025 година,“ изјави Илиевски.

Тој појасни дека во раководните структури на општината моментално има седум раководители, од кои шест се Албанци, а секретар нема назначено од 2024 година.

„Од тројца директори на училишта, двајца се Албанци, додека во градинката и во јавното претпријатие има в.д. директори. Во градинката наследив директорка Македонка назначена од Енвер, а подоцна од редот на вработените беше избрана единствената која прифати, при што претседател на Управниот одбор е Албанец. Во јавното претпријатие исто така наследив директор Македонец, назначен од Енвер, кој ја извршуваше функцијата 15 години до пензионирање,“ изјави Илиевски.

Тој додаде дека единствениот член на управен одбор во Русино бил токму Хаќим, кој не бил сменет и продолжил да прима паушал.

„Никогаш во мојот фокус не биле луѓето поради нивната припадност. Сите ме познаваат мене, мојот татко и моето семејство. Со лага ага не се станува,“ порача Илиевски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран