Министерството за внатрешни работи започна со нова превентивна акција за зголемување на безбедноста во сообраќајот, со поставување мобилни флеш-радари на клучни автопатски делници, меѓу кои и на влезот во Тетово.
Станува збор за статични радари кои не се поставени на класични позиции, туку и во средината на автопатот. Дел од јавноста ја поздравува мерката како неопходна за спречување сообраќајни несреќи и враќање на редот на патиштата.
Од МВР порачуваат дека целта не е казнување по секоја цена, туку предупредување и дисциплинирање на несовесните учесници во сообраќајот.
Иако засега не е објавено точниот број на радари што ќе бидат поставени низ земјата, од полицијата најавуваат дека акцијата ќе се прошири и на други фреквентни патни правци. Возачите се повикуваат на внимателност и почитување на ограничувањата на брзината.