УТРО.мк

Димитровски: Градиме спортска сала што ќе ја заслужи Битола – со план, визија и посветеност

Димитровски: Градиме спортска сала што ќе ја заслужи Битола – со план, визија и посветеност
Vero

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, остро реагираше на блокадите и, како што вели, манипулациите поврзани со изградбата на новиот спортски комплекс, долгогодишно ветување за жителите на градот.

Според него, уште од 2013 година овој проект се ветува на избори, но реални чекори започнале дури по 2021 година. „Битола е град на спортот и заслужува модерен спортски комплекс, а не празни ветувања и политички игри,“ истакна Димитровски.

Тој ги посочи клучните чекори што се направени од 2021 година наваму:
• Во 2021 година проектот е официјално вклучен во развојните планови на Општина Битола, со едногласна поддршка од Советот.
• Во 2022 е распишан конкурс за идејно решение, кое подоцна е избрано и претставено пред јавноста.
• Во 2023 година, по анализа на постојните урбанистички планови, се идентификува нова локација – државно земјиште во реонскиот центар „Запад“, со капацитет да го прими комплексот.
• Започната е постапка за нов ДУП за Нова Битола, со кој покрај спортски комплекс се предвидуваат градинка, училиште, старски дом, паркови и станбен дел.
• Во јуни 2025 година, нацрт-планот стигнува до Советот на Општината, но не се усвојува поради недостиг од поддршка, што ја закочува постапката.

„Ако најголем грев на оваа локална власт е тоа што предложи реална, издржана локација за спортски комплекс, тогаш прашањето е зошто дел од советниците од СДСМ и Поинаку го блокираат планот? Дали станува збор за инает или за заштита на приватни интереси?“ прашува Димитровски.

Тој најави дека постапката за избор на изработувач на основен проект е во завршна фаза и ќе биде објавена наскоро. „Не можеме да дозволиме Битола да остане без спортска сала поради лични или политички калкулации. На лагата ѝ се кратки нозете – а граѓаните знаат кој работи за нив, а кој за туѓи интереси,“ рече тој.

На крајот, Димитровски порача:
„Битола сака сала. Битола заслужува нова сала. Нека ни е вечна Битола!“

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран