Во текот на вчерашниот ден, 15 јули, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена засилена сообраќајна контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 36 возачи (25 во Тетово и 11 во Гостивар) за непрописно паркирање, од кои 22 возила (15 во Тетово и 7 во Гостивар) биле отстранети со специјално возило „пајак“.
Дополнително, биле санкционирани и 95 други видови сообраќајни прекршоци (56 во Тетово и 39 во Гостивар). Акциите продолжуваат и во наредните денови со цел зголемување на сообраќајната дисциплина и безбедност.