Еден пожарникар е повреден при гаснење на пожар што избувнал ноќеска во стар објект на основно училиште. Пожарот бил пријавен во раните утрински часови, во 03:27 часот, по што на терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита.
Благодарение на брзата интервенција, пожарот бил изгаснат, но за време на акцијата еден од пожарникарите се здобил со телесни повреди и итно бил пренесен во здравствена установа каде му е укажана медицинска помош.
Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се утврдуваат. Надлежните институции ќе спроведат увид и истрага за да се утврдат околностите под кои настанал огнената стихија.