Полициски службеници ја привеле И. Д. (67) од Битола, вработена во Клиничката болница, под сомнение за примање поткуп – кривично дело казниво по член 357 од Кривичниот законик.
Како што соопшти СВР Битола, акцијата е спроведена во координација со Јавното обвинителство, откако биле добиени оперативни сознанија и поднесена пријава истиот ден. По наредба на обвинителството, бил извршен претрес во службените простории што ги користела осомничената, како и личен претрес, при што биле пронајдени парични средства за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривичното дело.
СВР Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против И. Д., а истрагата продолжува.