На 16.07.2025 во 16.00 часот во СВР Тетово, 46-годишно лице од тетовско село, сопственик на приватна фирма од Тетово, пријавил дека бил измамен од М.С. од Тетово, кој привремено престојува во странство, каде е сопственик на фирма со иста дејност. Според пријавеното, на почеток на 2025 година, М.С. од него побарал и се договориле да му изработи материјали за сума од 20.450 швајцарски франци, по што материјалите преку друга приватна фирма за шпедиција биле однесени во странство, а откако била изготвена фактура, М.С. преку жиро сметка му платил само дел од парите во износ 5990 швајцарски франци. Како што е пријавено, тој потоа се обидел да стапи во контакт со него, но тој не му се јавувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.