УТРО.мк

Четири општини не го достигнаа минималниот праг за излезност, изборите ќе се повторуваат

Четири општини не го достигнаа минималниот праг за излезност, изборите ќе се повторуваат
Vero

Во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше денеска нема да се спроведе гласање, бидејќи во првиот круг од локалните избори излезеноста беше под законскиот праг од една третина од запишаните гласачи.

Според податоците од првиот круг, во Гостивар излезеноста изнесувала 33,31%, во Маврово и Ростуше 30,31%, во Врапчиште 25,18%, а во Центар Жупа 21,49%.

Според Изборниот законик, изборите во овие општини ќе треба да се повторат во рок од 60 дена по објавувањето на конечните резултати од тековните локални избори.

Истовремено, денеска се одвива вториот круг од изборите за градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Според податоците на Државната изборна комисија, до 9 часот излезноста на национално ниво изнесува 2,88 проценти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран