УТРО.мк

Брвеница избира градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани

Брвеница избира градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани
Vero

Во Општина Брвеница денеска се одржуваат предвремени локални избори за градоначалник. Избирачките места се отворени во 7 часот, а граѓаните ќе можат да гласаат до 19 часот.

Во Избирачкиот список се запишани 16.256 граѓани од десетте населени места во општината. Од нив, 449 се на привремена работа во странство, додека девет се во затвор или притвор.

По затворањето на избирачките места ќе започне пребројувањето на гласовите. Државната изборна комисија сукцесивно ќе ги објавува првичните резултати добиени по електронски пат.

Општинската изборна комисија треба да ги објави првичните резултати во рок од седум часа по завршувањето на гласањето, врз основа на податоците од избирачките одбори. Резултатите ќе бидат истакнати и на општинската огласна табла и соопштени преку јавните гласила.

За избор на градоначалник во првиот круг, кандидатот треба да освои мнозинство од гласовите на избирачите што гласале, при излезност од најмалку една третина од вкупниот број запишани избирачи. Доколку не биде исполнет условот за излезност, изборната постапка се повторува.

Конечните резултати ги утврдува и објавува Државната изборна комисија во законски предвидените рокови.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран