УТРО.мк

Данска бара начин да го врати редот во училиштата, предложена и физичка интервенција

Данска бара начин да го врати редот во училиштата, предложена и физичка интервенција
Vero

Наставниците во Данска би можеле да добијат пошироки овластувања за физичка интервенција кога ученици го нарушуваат редот на часот. Предлогот предвидува можност ученик да биде задржан или одведен во друга просторија против неговата волја, пренесува „Телеграф“.

Доколку биде усвоен, новиот закон би почнал да се применува од август 2027 година. Станува збор за предлог за физичка интервенција за воспоставување ред, а не за враќање на телесното казнување, кое во Данска е забрането од 1967 година.

Според пренесените информации, сегашните правила дозволуваат употреба на сила кога ученик претставува опасност за себе, за други лица или за училишниот имот.

Иницијативата следува по предупредувањата на наставничкиот синдикат дека вработените се соочуваат со тешкотии при справувањето со насилни ситуации и стравуваат од последици доколку интервенираат.

Претседателот на синдикатот, Гордон Орсков Мадсен, изјавил дека во изминатата година секој трет наставник се воздржал од физички контакт за воспоставување ред поради страв од негативни последици.

Во истражување на данското Министерство за образование, според текстот, физичко насилство меѓу ученици било пријавено најмалку еднаш во 55 отсто од опфатените одделенија во текот на 2025 година. Во 36 отсто одделенија инцидентите се случувале најмалку еднаш месечно, а најзастапени биле во најниските одделенија.

Предлогот предизвикал и противење. Повеќе од 500 образовни експерти и невладини организации претходно се изјасниле против реформата.

Расмус Кјелдал, претставник на организација за правата на децата, предупредил дека пошироките овластувања за физичка интервенција би можеле да ја нарушат довербата меѓу учениците и наставниците.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран