УТРО.мк

Зеленски: Ако паднеме, 20 милиони Украинци ќе дојдат во Европа

Зеленски: Ако паднеме, 20 милиони Украинци ќе дојдат во Европа
Vero
zelenski
zelenski

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека евентуален пад на Украина би можел да предизвика огромен бегалски бран кон Европа. По разговорите со европските лидери во петокот, тој порача дека поддршката за Киев е неопходна за земјата да ја зачува својата независност.

„Ако ние паднеме, 20 милиони Украинци ќе дојдат во Европа. Затоа бараме да останеме силни и да ја одбраниме нашата земја“, изјави Зеленски.

На прес-конференцијата по учеството на делот од самитот на ЕУ посветен на Украина и по неколку билатерални средби, Зеленски ги демантираше медиумските наводи дека европските партнери побарале од него да го ублажи тонот во односите со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Немаше никакви прекори на денешните средби. Од европските колеги слушнав исклучиво поддршка, за што сум им благодарен“, рече тој.

Запрашан за оценката на Трамп дека со него е потешко да се преговара отколку со рускиот претседател Владимир Путин, Зеленски одговори дека негова обврска е да го брани опстанокот на Украина.

Тој го критикуваше и американскиот договор со Русија за увоз на дизел, оценувајќи дека таквиот чекор може да отвори пат за дополнителни отстапки кон Москва. Како можни следни чекори ги наведе договорите за руски гас и олеснувањето на санкциите за банкарскиот сектор, одредени поединци и хемиската индустрија, како и одлуките за замрзнатиот руски имот.

На прашањето дали Украина ќе продолжи со нападите врз руските рафинерии, и покрај барањата на Трамп тие да запрат, Зеленски не даде конкретен одговор.

„Обично не зборувам за деталите на нашите операции. Ќе видите“, изјави украинскиот претседател.

Зеленски повтори дека, според него, Путин не сака мир, туку уништување на Украина, и дека руските цели не се ограничени само на Донбас.

На новинарско прашање дали смета дека е жртвено јагне за внатрешнополитичките проблеми на Трамп пред американските конгресни избори, Зеленски направил подолга пауза, се насмеал и рекол: „Тоа е мојот одговор“.

Украинскиот претседател се осврна и на работата на сателитскиот систем „Старлинк“. Според неговите тврдења, системот не бил исклучен, но брзината била значително намалена, што ги отежнало украинските операции за пресретнување на дел од беспилотните летала „Шахед“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран