УТРО.мк

ВИДЕО – Проданоски: Подобра патна врска за жителите на Мажучиште

ВИДЕО – Проданоски: Подобра патна врска за жителите на Мажучиште
Vero

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Според него, делницата има значајна улога во секојдневното движење на граѓаните, а со рехабилитацијата се подобруваат условите за сообраќај и поврзаноста меѓу населените места.

„Вложуваме во инфраструктура што значи подобра поврзаност и поквалитетно секојдневие за граѓаните“, истакна Проданоски.

Градоначалникот нагласи дека квалитетната патна инфраструктура е важен дел од рамномерниот развој на општината и најави продолжување на инвестициите според потребите на жителите.

„Продолжуваме со инвестиции во проекти што одговараат на реалните потреби на граѓаните и носат конкретни подобрувања на терен“, порача Проданоски.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран