Бојкоски вели дека СДСМ не може да биде локална власт во Битола, прашан за изјавата на Николовски дека овој пат ќе го гласаат извештајот за зимската служба за да добие општината пари од Агенцијата за државни патишта, оти на новата локална самоуправа ќе му требаат пари за чистење на улиците следната зима.
„Тие можат само да сонуваат да бидат локална власт во Битола. Прво треба да си најдат кандидат во нивните редови кој што ќе изгуби на локалните избори, а во Советот ќе бидат во значително помал број советници од она што се денес. Бидејќи ниту имаат капацитет, ниту имаат кадровски потенцијал да направат нешто подобро за градот Битола“ вели Бојкоски.
Прашавме дали тие препознаат некакви имиња кои се во игра за кандидат за градоначалник од СДСМ.
„Ние нема да се мешаме во нивниот избор на кандидат. Од оние муабети кои што се низ градот, дека никој од СДСМ не сака да биде предложен за кандидат за градоначалник бидејќи знае дека ќе биде жртвено јагне и ќе ги изгуби изборите. Тие имаат внатре во партијата недостаток на кадри кои ќе излезат ќе се спротивстават на оваа локална самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ“ рече тој.
Побаравме од него и коментар за изјавата на Филипче дека некои советници од нивната партија соработувале со градоначалници од ВМРО ДПМНЕ, за лични интереси и за ротации на советниците во иднииот состав.
„Тоа е нивна перцепција. Во однос на нивните одлуки ние како ВМРО ДПМНЕ нема да се мешаме, како сметаат така нека си прават, ние си ги гледаме нашите проекти кои што се во интерес на сите граѓани и нема да се мешаме ниту во кадровската политика на СДСМ, ниту пак не интересира“ рече Бојкоски.
Извор: Тера.мк