
Се најавува времен прекин на сообраќајот на патот Скопје – Македонски Брод преку Јасен. Според информациите од АМСМ, возилата од Македонски Брод кон Скопје нема да можат да поминуваат од 10:30 до 11:00 часот. Обратниот правец, од Скопје кон Македонски Брод, ќе биде затворен подоцна, од 12:00 до 12:45 часот.























