
Младите во Македонија сè повеќе се впуштаат во светот на вештачката интелигенција, но сè уште заостануваат зад европскиот просек. Според најновите податоци на Евростат за 2025 година, 45,4 отсто од младите на возраст од 16 до 24 години користат алатки базирани на ВИ, додека во Европа просекот изнесува 63,8 проценти.
Најголема популарност на ВИ меѓу младите се забележува во Грција (83,5%), Естонија (82,8%) и Чешка (78,5%), додека најмалку користење има во Романија (44,1%), Италија (47,2%) и Полска (49,3%). Во нашиот регион, Босна и Херцеговина предводи со 65,4%, Хрватска следи со 58,2%, Бугарија со 50%, а Србија е на 47 отсто.
Интересно е што младите до 24 години речиси двојно повеќе се служат со ВИ во споредба со целата популација од 16 до 74 години, што ја потврдува нивната дигитална предност.























