Во изминатите три години, во сообраќајни несреќи низ Северна Македонија загинале 450 лица, објави регионалната редакција на „Ал Џезира Балканс“. Според анализата, земјата и натаму се соочува со сериозен проблем во безбедноста на сообраќајот, со висока стапка на смртност во однос на бројот на жители.
Како главни причини за несреќите се наведуваат брзото возење, непочитувањето на сообраќајните правила и недоволната контрола на патиштата. Стручњаците предупредуваат дека се неопходни поостри казнени мерки, подобра инфраструктура и кампањи за подигање на јавната свест за безбедно учество во сообраќајот.