УТРО.мк

Времето денес сончево и релативно топло – температури до 20 степени

Времето денес сончево и релативно топло – температури до 20 степени
Vero

Времето денес во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност, информираат од метеоролошките служби. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен променлив ветер.


Утринските температури ќе бидат ниски и на некои места ќе се спуштат до -5 степени, додека дневните температури ќе се движат од околу 12 до 20 степени Целзиусови, во зависност од регионот.


Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе биде околу -1 степен, а максималната дневна ќе достигне до 16 степени Целзиусови.


Слично време се очекува и во останатите делови од земјата, каде што температурите ќе се движат меѓу 15 и 20 степени, додека во повисоките и планинските предели ќе биде нешто посвежо.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран