УТРО.мк

Стентон Градба гради нов индустриски капацитет на Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола

Стентон Градба гради нов индустриски капацитет на Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола
Vero

Во ТИРЗ Жабени – Битола е во тек изградбата на нов производствен објект на компанијата Brainchild, а изведбата на проектот ја реализира градежната компанија Стентон Градба, која е ангажирана на терен во спроведувањето на оваа значајна индустриска инвестиција.

Станува збор за објект за лесна и незагадувачка индустрија, односно капацитет од текстилната индустрија, лоциран во КО Породин, во рамки на јужната индустриска зона Жабени. Локацијата овозможува поволна поврзаност и пристапност, со оглед на близината до Битола, Жабени и Меџитлија, што на проектот му дава дополнителна логистичка вредност.

Според расположливите проектни параметри, изградбата се одвива фазно. Првата фаза опфаќа 3.146 метри квадратни, додека вкупната предвидена површина за градба во прва и втора фаза изнесува 6.229 метри квадратни. Објектот е проектиран како производствена хала со висина од 5,5 метри, заедно со административен дел со висина до 7 метри, а во рамки на парцелата се предвидени и соодветни пристапи и паркинг простор.

Во фокусот на реализацијата е Стентон Градба, компанија која го носи товарот на изведбата на уште еден објект од индустриски карактер. Ангажманот на компанијата на овој проект претставува потврда за нејзиниот капацитет да одговори на барањата на современото градежништво, особено кога станува збор за објекти што треба да ги следат индустриските стандарди, рокови и технички параметри предвидени со проектната документација.

Фабриката на Brainchild во Жабени има значење и пошироко од самиот градежен зафат. Станува збор за инвестиција што придонесува кон натамошно инфраструктурно и индустриско зајакнување на битолскиот регион, со потенцијал да влијае врз економската активност и отворањето нови можности во локалната средина.

Со тековната изградба во ТИРЗ Жабени, Стентон Градба уште еднаш се потврдува како активен и доверлив изведувач на значајни проекти, особено во сегментот на индустриската градба, каде што прецизноста, организацијата и изведбената динамика имаат клучна улога.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран