УТРО.мк

Македонија бележи рекордно низок број новородени: Само 16.061 дете во 2024 година

Македонија бележи рекордно низок број новородени: Само 16.061 дете во 2024 година
Vero

Македонија се наоѓа пред сериозна демографска криза. Бројот на новородени деца и наталитетот продолжуваат да се намалуваат, а најновите податоци за 2024 година покажуваат загрижувачки тренд. Само 16.061 дете се родиле во земјата, што е најниското ниво забележано во историјата.

Падот не се ограничува само на апсолутниот број на новородени. Стапката на фертилитет се спушти на 1,44 деца по жена, во споредба со 1,49 во 2023 година. Овој пад е континуиран низ годините, од 1,52 во 2004 и 2014 година, до сегашниот алармантен минимум, далеку под потребниот праг од 2,1 дете за природна обнова на населението.

Демографските промени се одразуваат и во возраста на мајките. Просечната возраст при раѓање на првото дете постојано расте – од околу 25 години во 2004, преку 26,6 години во 2014, до 27,8 години во 2024 година. Јасно е дека жените во Македонија се одлучуваат за семејство подоцна во животот, што дополнително ја усложнува сликата на наталитетот.

Овие трендови не се изолирани за нашата земја. На ниво на Европската унија, роденоста исто така бележи пад, во 2024 година во ЕУ се родени 3,55 милиони бебиња, што претставува намалување од 3,3% во споредба со 2023. Стапката на фертилитет во Унијата изнесува 1,34 деца по жена, додека Бугарија предводи со 1,72, Франција следи со 1,61, а Словенија со 1,52. Најниски вредности се регистрирани во Малта (1,01), како и во Шпанија и Литванија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран