
Денес, 1 март 2026 година, во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, додека преку ден ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од околу -4 до 2 степени, а дневните ќе достигнат од 12 до 16 степени.























