
Љубителите на астрономијата вечерва ќе имаат можност да уживаат во редок небесен настан – порамнување на шест планети кои ќе бидат видливи веднаш по зајдисонце.
Станува збор за Меркур, Венера, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун, кои ќе се појават долж истата небесна линија – рамнината на Сончевиот систем. Иако нема да бидат во совршено права линија, ќе формираат впечатлив „планетарен лак“ на вечерното небо.
кои планети ќе се гледаат со голо око.
Најлесно ќе се забележат:
Венера – најсветлата точка на небото
Јупитер – силно светло веднаш по Венера
Сатурн – со карактеристичен златест сјај
Меркур ќе биде ниско на хоризонтот и ќе може да се види кратко по зајдисонце, но ќе биде потежок за забележување.
планети за двоглед и телескоп
За да се видат Уран и Нептун ќе биде потребен двоглед или мал телескоп, бидејќи тие не се видливи со голо око.
Најдобро време за набљудување е 30 до 60 минути по зајдисонце, гледајќи кон запад.
Се препорачува:
локација со чист хоризонт без згради и дрвја
рано излегување за да се „фати“ Меркур пред да зајде.
Астрономите велат дека вакви порамнувања се ретки и претставуваат одлична можност граѓаните да го набљудуваат Сончевиот систем „во живо“.






















