
Охрид и во февруари знае да изгледа како разгледница. На Градската плажа „Воска“ денеска беше забележан прекрасен лебед кој мирно пловеше во кристално чистата вода, создавајќи вистинска зимска идилична сцена.

Видеото објавено од „Ohrid Press“ брзо привлече внимание на социјалните мрежи, каде граѓаните коментираат дека ваквите моменти го покажуваат вистинското лице на Охрид – тивок, чист и магичен дури и надвор од туристичката сезона.
Мирното езеро, снежните врвови во далечина и грациозниот лебед се уште еден потсетник дека природната убавина на Охрид е подеднакво впечатлива во секое годишно време.























