Вработени во ЈП „Комунална хигиена“ сведочат за хаосот во кој се наоѓа прептпријатието, откако неколку дена, повторно не се собира сметот во главниот град. Според изворот на Фактор, вработените не работат затоа што дел од нив не земаат плата, додека за нововработените пари има, објави Фактор.
Вработениот ни откри дека оперативците не добиле плата за септември, но тврдат дека имало 300 вработувања пред два месеци на лица од Сарај, кои си ја добиле платата за септември.
„Плата за нив беше исплатена, за нас плата нема, затоа и не работиме. Дополнително, возниот парк не ни е сервисиран. Работиме со 30 проценти од возилата. Парите кои претпријатието ги има, не се трошат за сервисирање, ниту за плати, не се користат наменски, туку се цедат преку сомнителни договори за интелектуални услуги“, вели нашиот извор.
Тие го повикуваат МВР, Финансова полиција и сите надлежни институции, да влезат во претпријатието и да прочешлаат каде одат парите кои не им се дадени на вработените ниту пак за потребите на претпријатието за непречено вршење на работата.
Извор: Фактор.мк