Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, е тешко повреден додека управувал мотор на позната патека за возење мотори во Чешка. Несреќата се случила за време на возење, а Душко се наоѓа во критична состојба.
Како љубител на мотори и автомобили, Душко има освоено бројни престижни признанија во брзинскиот мотоциклизам. Тој е генерален менаџер на фирмата „Адора“ и долги години живее во Дубаи, каде што завршил дел од високото образование.
Семејството и пријателите се длабоко загрижени и му посакуваат брзо и успешно опоравување.