Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција повика на јавно откривање на евентуален случај „Рекет 2“, кој според партијата, обвинителството можеби го криело за да штити функционери на СДСМ и ДУИ.
„Во случајот се споменуваат поранешната СЈО Катица Јанева, Бојан Јовановски и тројца активни обвинители, кои наводно се обиделе да рекетираат познат бизнисмен. Јавноста заслужува да знае зошто овој случај се крие од неа“, рече Манасиевски.
Тој истакна и дека во изминатата година не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери на СДСМ и ДУИ, поставувајќи прашање дали обвинителот Коцевски продолжува да ги штити своите „наредбодавци“.