УТРО.мк

ВЛЕН: Левица е последната сламка за „спас“ на Али Ахмети и АКИ

ВЛЕН: Левица е последната сламка за „спас“ на Али Ахмети и АКИ
Vero

По секој пораз следи изблик на нервоза, а тоа, според движењето ВЛЕН, се потврдило токму кај лидерот на ДУИ, Али Ахмети. „Симнат од тронот, Ахмети излезе да ги навредува Албанците – почна со ‘кучиња’, а заврши со ‘Газиместан’. Тоа е вистинскиот лик на Ахмети, без пропаганден филтер и без телепромптерот на Груби“, стои во реакцијата на ВЛЕН.

Од ВЛЕН нагласуваат дека нивната победа во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, како и предноста во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, целосно го разголиле „лажниот патриотизам“ на тројката во агонија – Ахмети, Таравари и Села.

„На крај, тие завршија во прегратка со проруската и анти-НАТО партија Левица. Тоа е последната сламка на спас за Али Ахмети, Зијадин Села и Арбен Таравари,“ се вели во соопштението.

ВЛЕН потсетува дека кандидатот на АКИ, Арсим Далипи, кој ветил дека ќе се повлече од трката доколку добие една глас помалку од Менди Ќира, не го исполнил ветувањето и сега е во отворен коалициски сојуз со партијата на Димитар Апасиев.

„ВЛЕН одамна предупреди на средбата меѓу пратеникот на Ахмети, Кренар Лога, и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како дел од планот за нанесување штета на независниот кандидат поддржан од ВЛЕН, Менди Ќира, уште во првиот изборен круг. Денес сè излегува на виделина,“ додава движењето.

„Арсим Далипи со ‘референдумот’ во рака и ‘националната кауза’ во уста, заедно со ‘патриотите’ Таравари и Села, најдобро покажуваат дека нивната кауза никогаш не била албанска. Зашто, којшто се прегрнува со Левица, му го врти грбот на НАТО, на Западот и на самите Албанци,“ порачува ВЛЕН.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран