УТРО.мк

Владата инвестира 1,5 милиони евра во кибер безбедност – се формира нов центар за одговор на напади

Владата инвестира 1,5 милиони евра во кибер безбедност – се формира нов центар за одговор на напади
Vero

Владата најави формирање на нов центар за одговор на кибер закани и инциденти, проект вреден околу 1,5 милиони евра, кој има за цел значително да ја зајакне дигиталната безбедност на државата.


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информираше дека новиот центар ќе овозможи следење на кибер заканите во реално време, како и брз и координиран одговор на потенцијални напади врз институциите.


Според него, кибер нападите стануваат сè почеста алатка за водење асиметрични и хибридни конфликти, при што се таргетира критичната инфраструктура – не само државната администрација, туку и здравствениот, образовниот и другите витални системи.


Проектот се реализира со поддршка од Европската Унија, во комбинација со национално кофинансирање, а претставува дел од пошироката стратегија за јакнење на сајбер безбедноста и дигиталната отпорност на државата.


Центарот ќе функционира со 24-часовна оперативна подготвеност и ќе биде насочен кон побрза детекција на закани, поефикасно управување со инциденти и подобра координација меѓу институциите.


Воедно, оваа иницијатива е поврзана и со меѓународната соработка, особено со Соединетите Американски Држави, каде што кибер безбедноста и дигиталната трансформација се дел од стратешкиот дијалог меѓу двете земји.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран