УТРО.мк

(ВИДЕО) Што кажа папата Франциск за Македонија: „Христијанството влезе во Европа преку вас“

(ВИДЕО) Што кажа папата Франциск за Македонија: „Христијанството влезе во Европа преку вас“
Vero

Видео од пред неколку години, во кое тогашниот папа Франциск одговара на прашање од присутна за време на прес-конференција во авион, повторно се актуелизира на социјалните мрежи и предизвикува силни реакции кај јавноста.


Станува збор за неговото обраќање по посетата на Скопје, за време на летот кон Рим, кога папата зборуваше за историското и духовното значење на Македонија во рамки на христијанството.
„Македонија е портата преку која христијанството влезе во Европа, бидејќи жителите на македонското тло биле првите Европејци на кои апостолот Павле им го пренел Христовото учење“, истакна папата Франциск.


Во својот одговор, тој направи јасна разлика меѓу народите и нивниот историски развој, нагласувајќи дека Македонија има длабока и посебна традиција како народ, кој со векови го носи своето духовно наследство.


Папата се осврна и на познатата библиска сцена со апостол Павле, кој, според христијанското предание, во визија бил повикан од Македонец со зборовите: „Дојди кај нас“. Токму тој повик, според него, ја менува насоката на христијанството и го носи кон Европа.


„Христијанството влегло на Запад преку вас, преку вашата порта“, нагласи папата, додавајќи дека македонскиот народ со право го чувствува ова како дел од својот идентитет.


Тој ја потенцираше и важноста на меѓурелигискиот соживот, нагласувајќи дека е особено среќен што слушнал дека во Македонија владее почит кон сите религии.


Иако денес Католичката црква има нов поглавар, ова видео претставува потсетување на ставовите што папата Франциск ги изнесе во минатото – ставови кои и денес предизвикуваат внимание, реакции и повторно ја отвораат темата за улогата на Македонија во европската и христијанската историја.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран