УТРО.мк

Туфегџиќ: Лиценцата од 2012 година не се однесува на објектот од Пулс – потребна ревизија на обвинението

Туфегџиќ: Лиценцата од 2012 година не се однесува на објектот од Пулс – потребна ревизија на обвинението
Vero

Адвокатот Владимир Туфегџиќ оценува дека доказот кој го презентира Обвинителството во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“ во Кочани, односно лиценца издадена во 2012 година, не се однесува на објектот каде што се случила трагедијата во 2025 година, и затоа треба да биде основа за ревидирање на обвинението.

Тој посочува дека станува збор за лиценца со важност од една година, издадена за сосема друг објект и на друга локација, која, според неговите тврдења, нема поврзаност со местото на несреќата.

Според Туфегџиќ, со тоа се отвора прашањето за основаноста на концептот за „верижна институционална одговорност“, како и за поврзаноста на поранешни функционери од 2012 година со настанот од 2025 година.

Тој нагласува дека, според него, доказите што се изведуваат во постапката треба да доведат до преиспитување на дел од обвинението, со цел точно утврдување на вината и одговорноста.

Во своите дополнителни коментари, адвокатот наведува дека е проблематично тоа што, како што тврди, Обвинителството користи исти докази кои се појавуваат и од страна на одбраната, што отвора прашања околу правната логика на обвинението.

Туфегџиќ додава и дека не е убеден дека сите релевантни факти се целосно презентирани во јавноста во однос на теоријата за институционална одговорност.

За трагедијата во која загинаа 63 лица, а 222 беа повредени, се води постапка против 35 физички и 3 правни лица, за дела поврзани со тешки кривични дела против општата сигурност, извршени или пропуштени дејствија од 2012 година до денот на несреќата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран