
Четириесет и четиригодишен жител на Охрид бил приведен откако го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект на плоштадот „Крушевска Република“.
Според информациите од полицијата, настанот се случил на 28 мај околу 17:45 часот, кога лицето со иницијали Д.Н. викало и се однесувало непристојно, по што интервенирале полициски службеници.
По приведувањето било извршено алкотестирање, при што кај него биле измерени 2,51 промили алкохол во крвта.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.















