УТРО.мк

ВИДЕО – Загина 19-годишен мотоциклист во Скопје

ВИДЕО –  Загина 19-годишен мотоциклист во Скопје
Vero

Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на тешките повреди здобиени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 22:21 часот на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“. Во судирот учествувале патничко возило „Ауди А4“, управувано од 31-годишниот Н.Х. од скопското село Визбегово, мотоцикл „БМВ“ управуван од 19-годишниот М.Ф. од Скопје и мотоцикл „Хонда ХДВ“ управуван од 21-годишниот Н.Б. од Скопје.

Во несреќата најтешко бил повреден М.Ф., кој со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. И покрај напорите на лекарите, тој подоцна починал.

Од МВР информираат дека по наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот бил лишен од слобода.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а истрагата за утврдување на причините и околностите под кои се случила трагедијата е во тек.

Видеото може да го погледнете на Скопје1

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран