
Сериозна сообраќајна несреќа е регистриран вчера вечер на улицата Пластичарска во Скопје.
Околу 22:40 часот, автомобил и мотоцикл се судриле жестоко, а како резултат на тоа возачот на мотоциклот е тешко повреден.
Според првичните информации, веднаш по несреќата, на местото на настанот пристигнале екипи на Итна помош, кои итно го пренеле повредениот во Градската болница, каде што е на интензивна медицинска помош. Неговата здравствена состојба сè уште не е официјално позната.
Полицијата делумно го блокирала сегментот и започнала увид за расветлување на околностите на несреќата.
На местото на настанот се забележани расфрлани делови од мотоциклот и автомобилот, траги од лизгање и обемни оштетувања на обете возила, што сведочат за силата на судирот.

Фотографиите и снимките што ги обезбеди АЛСАТ зборуваат сами за обемот на судирот. Мотоциклот се гледа речиси уништен, додека предниот дел од автомобилот претрпел значителна штета. Бројни минувачи се собрале на местото на настанот, шокирани од она што го виделе.

Само пред неколку дена, скопската обиколница беше место на сериозна трагедија во која животот го загубија четири лица, несреќа што го шокираше јавното мислење и повторно покрена прашања за грижата при патување и безбедноста на патиштата.
















