Со емотивна порака на социјалните мрежи од Владимир Блажев – Панчо од ДНК, се прости и неговата сопруга Маја.
-Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови, напиша Маја на својот Фејсбук профил.

Панчо почина денеска по седуммесечна борба со тешките повреди здобиени во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.