УТРО.мк

Министерството за дигитална трансформација го претстави „Везилка“ – новиот Национален центар за вештачка интелигенција

Министерството за дигитална трансформација го претстави „Везилка“ – новиот Национален центар за вештачка интелигенција
Vero

Министерството за дигитална трансформација ја претстави „Везилка“, новиот Национален центар за вештачка интелигенција, вреден околу 6 милиони евра.

Проектот се реализира со поддршка од Европската Унија преку Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, а е ко-финансиран од Министерството и ФИНКИ, кој е и носител на проектот. „Везилка“ се позиционира како клучен чекор во дигиталната трансформација на земјата, со цел да ја приближи македонската академска и индустриска сцена до европската технолошка инфраструктура.

Центарот ќе функционира како придружна единица (antenna) на европската „AI фабрика“ Pharos, со седиште во Грција, што ќе им овозможи на македонските институции, истражувачи и стартапи пристап до европски суперкомпјутери и напредни податочни простори. Ова ќе обезбеди основа за развој и тестирање на решенија базирани на вештачка интелигенција.

„Везилка“ ќе работи во пет клучни насоки:

Јазик и култура – развој на македонски јазични модели и дигитална заштита на културното наследство;

Здравство – анализа и обработка на здравствени податоци;

Енергетика – оптимизација на производство и потрошувачка на енергија;

Јавна администрација – автоматизација и зголемување на транспарентноста;

Земјоделие – примена на паметни технологии за одржливо производство.

Паралелно, центарот ќе нуди обуки, практични програми и развој на кадар во ИТ и ВИ.

На регионално ниво, Европската комисија најави проширување на мрежата „фабрики за ВИ“ на Западен Балкан, со отворање на две „антени“ – во Северна Македонија и Србија. Целта е компаниите од регионот да добијат директен пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција, при што „компјутерската моќ на Унијата“ ќе биде ставена на располагање на регионот.

Според ФИНКИ, една од првите задачи ќе биде создавање квалитетен корпус на македонски текстови и податоци за тренинг на јазични модели, кои ќе се хостираат локално, со акцент на приватност и дигитален суверенитет. Подоцна, примената на овие модели ќе се прошири преку секторските проекти во здравство, енергетика, администрација и земјоделие.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран