УТРО.мк

Сончеви периоди и јужен ветер денес, од утре пообилни врнежи

Сончеви периоди и јужен ветер денес, од утре пообилни врнежи
Vero

Денешниот ден носи променлива облачност, но и доволно сончеви периоди за пријатно чувство на пролет. Ветерот ќе биде претежно слаб до умерен, со повремено засилување долж Повардарието каде ќе дува од јужен правец. Температурите ќе се движат во умерени граници: утринските ќе паднат меѓу 3 и 10 степени, додека дневните ќе се искачат од 21 до 27 степени.

Во главниот град се очекува слична временска слика. Скопје ќе има комбинација од облаци и сончеви интервали, проследени со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне околу 7 степени, а во текот на денот ќе се искачи до приближно 26 степени.

Промена на временските услови се најавува веќе од утре попладне. Следува период на нестабилно време со променлива облачност и повремени врнежи од дожд. На одделни места се можни поинтензивни процеси, проследени со поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, особено кон крајот на работната недела, со најизразен интензитет во петок. Сепак, температурите ќе останат релативно високи за овој период од годината, без појава на минусни вредности во утринските часови.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран