УТРО.мк

Коњановски добитник на „Менада“ на затворањето на „Танц фест“

Коњановски добитник на „Менада“ на затворањето на „Танц фест“
Vero

Со моќната изведба на „Будење“, во кореографија на Рисимна Рисимкин, синоќа во Народниот театар Битола беше затворено 22-то издание на фестивалот „Танц фест“.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, пред почетокот на претставата ја прими Специјалната награда „Менада“ за поддршка на развојот на современиот танц.

„Будење“ понуди силна сценска енергија и колективно искуство, поврзувајќи ги личното и општественото. Претставата ги истражува меѓучовечките односи, стереотипите и динамиката помеѓу индивидуалниот и колективниот идентитет, отворајќи простор за преиспитување на воспоставените општествени норми.

Преку движењето и сценскиот израз, телото станува медиум за прикажување на емоции, конфликти и трансформации, додека кореографијата ја нагласува потребата од деконструкција на формите на однесување и редефинирање на личната позиција во општеството.

Со оваа изведба, „Танц фест“ уште еднаш ја потврди својата улога како значајна платформа за современиот танц и културна размена.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран