УТРО.мк

„Скопје е непостоечка државичка“ – Грчки европратеник со мизерна порака до Фон дер Лајен

„Скопје е непостоечка државичка“ – Грчки европратеник со мизерна порака до Фон дер Лајен
Vero

Грчкиот европратеник Емануел Фрагос предизвика реакции со објава во која ја оспорува државноста и идентитетот на Македонија.

Во објавата, упатена до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Фрагос наведува дека „Скопје е непостоечка државичка“, притоа изнесувајќи и тврдења за етничкиот состав на населението и територијата на Македонија.

Во видеото објавено со пораката се прикажуваат историски карти и политички пораки, меѓу кои и карта на која територијата на Македонија е означена како „Вардарска“, како и со ознака „бугарско-албанска“.

Со ваквите пораки, грчкиот европратеник ја оспорува македонската државност и националниот идентитет.

Фрагос е европратеник од 2019 година и член на групата Европски конзервативци и реформисти во Европскиот парламент. Тој е член на грчката партија „Грчко решение“, предводена од Киријакос Велопулос, која има изразени националистички позиции и се спротивставува на Преспанскиот договор.

Објавата доаѓа во период кога односите меѓу Скопје и Атина, како и прашањата поврзани со европската интеграција на Македонија, повторно се во фокусот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран