УТРО.мк

Сиљановска-Давкова: Само со бескомпромисна битка против шовинизмот ќе изградиме здраво општество

Сиљановска-Давкова: Само со бескомпромисна битка против шовинизмот ќе изградиме здраво општество
Vero

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, остро реагираше по последните националистички скандирања на трибините за време на меѓународниот натпревар Шкендија – Карабах на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

„Сеопштата осуда на навивачкиот примитивизам на сите ни влеа надеж за цврста решеност за справување со овој неспортски феномен. Просветителски звучеа апелите за ставање крај на националистичките и шовинистички повици од трибините. Но, вчерашните сцени од натпреварот беа реприза на кумановската трагична приказна“, напиша Сиљановска-Давкова.

Претседателката предупреди на опасноста од селективно реагирање и неказнивост за говор на омраза на спортски настани, оценувајќи дека хипокризијата и цинизмот го подриваат демократскиот поредок и меѓуетничката доверба.

„Само со заедничка, доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество“, порача Сиљановска-Давкова, повикувајќи на одговорност и единство во заштитата на граѓанскиот соживот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран