УТРО.мк

Семејствата очекуваат високи казни: Почнува судскиот процес за случајот „Онкологија“ – Васев и тројца онколози на обвинителна клупа

Семејствата очекуваат високи казни: Почнува судскиот процес за случајот „Онкологија“ – Васев и тројца онколози на обвинителна клупа
Vero

Почнува судскиот процес за случајот „Онкологија“ – Васев и тројца онколози на обвинителна клупа

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска почнува главната расправа за случајот „Онкологија“, кој ја потресе јавноста. На обвинителна клупа ќе седнат поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и тројца лекари онколози, обвинети за тешки кривични дела поврзани со несоодветен третман на пациенти со малигни заболувања.

Обвинителниот акт ги товари Васев и еден колега за „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“. Медицинските вештачења од Србија и Словенија покажуваат дека најмалку кај 29 пациенти бил применет неподобен третман со отстапки од протоколите, погрешни дозирања и неосновано користење имунотерапија.

Дополнително, обвинета е и докторка која му овозможувала на Васев пристап до електронскиот систем на Клиниката, додека останатите двајца лекари се товарат за несоодветна терапија и во случаи со многу слаб здравствен статус на пациентите.

Јавното обвинителство поднело и второ обвинение против Васев за економски злоупотреби во Клиниката, за кои се товарат и економскиот директор и други. Според обвинувањата, преку нелегални набавки и фиктивни плаќања, буџетот бил оштетен за над 2,2 милијарди денари, а добавувачите стекнале противправна корист од околу 430 милиони денари. Васев лично се товари дека прибавил имотна корист од најмалку 13 милиони денари.

Семејствата на починатите пациенти речиси две години ја очекуваат правдата. Тие бараат високи казни и правично судење за да не се повтори ваква трагедија.

За време на истрагата, анализирани се 65 медицински случаи, при што во голем број биле констатирани сериозни отстапки од протоколите. За поголема транспарентност и стручност, експертизи биле побарани и од институции во Србија и Словенија.

Случајот „Онкологија“ беше отворен во јануари годинава по серија новинарски истражувања и ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија, кој укажа на сериозни пропусти во работата на Клиниката.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран