УТРО.мк

Сè уште се трага по исчезнатиот бугарски државјанин кај Охрид

Сè уште се трага по исчезнатиот бугарски државјанин кај Охрид
Vero

Исчезнатиот 52-годишен бугарски државјанин сè уште не е пронајден, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за „Скопје1“. Тој демантираше информации во јавноста дека вчера било најдено безживотно тело и потврди дека потрагата продолжува и денес.

„Лицето се уште се води како исчезнато. Во текот на денот ќе се преземат дополнителни активности за негово пронаоѓање“, изјави Димовски.

Бугарскиот државјанин исчезна вчера околу 13 часот додека нуркал на длабочина од 89 метри во Охридското езеро. Во потрагата се вклучени Езерската полиција, Црвен крст и нуркачи од клубот „Амфора“.

Извор: Скопје1

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран