УТРО.мк

На територија на Република Македонија регистрирани седум пожари на отворен простор, три се уште активни

На територија на Република Македонија регистрирани седум пожари на отворен простор, три се уште активни
Vero

До 12 часот денеска, низ земјава се регистрирани седум пожари на отворен простор.

Активни се три пожари: во Повеќенаменското подрачје „Јасен“ (Општина Македонски Брод), на Октишка краста (Општина Струга) и во атарот на селото Могила (Општина Могила).

Еден пожар е ставен под контрола – во реонот меѓу селата Радуша и Дворце (Општина Сарај).

Изгаснати се три пожари: кај селото Челопеци (Општина Кичево), кај селото Крапа (Општина Македонски Брод) и во атарот на селото Нерав, место викано „Биљино“ (Општина Крива Паланка).

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран